16 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИзгледа Барса најде нов тренер!?

Изгледа Барса најде нов тренер!?

Frank de Boer

Раководството на Барселона веќе напорно бара нов тренер, кој ќе го замени неубедливиот Херардо Мартино.

Според холандскиот весник „Algemeen Dagblad“ меѓу споменатите варијанти е и тренерот на Ајакс, Франк де Бур. Како фудбалер на каталонците, поранешниот одбранбен играч помина четири сезони на „Камп Ноу“ меѓу 1999-та и 2003-та година.

„Се чувствувам среќен во Ајакс, но ако се појави таква можност, ќе видиме, никогаш не се знае“, изјави Де Бур на прашање за евентуалното преземање на Барса.

Близнакот на Роналд де Бур е на чело на холандскиот гигант од 2010-та година и веќе освои три титули. Треба да се напомене дека пред тоа во кариерата Френк нема водено друг тим во својство на тренер, па така тој е со 100-процентна стапка на успех.

Меѓу другите споменувани имиња се уште и оние на Арсен Венгер и Луис Фелипе Сколари. Инаку Тата Мартино има договор за уште една сезона, но тешко дека ќе го исполни до крајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП