27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMINI го претстави концептот Clubman (фото)

MINI го претстави концептот Clubman (фото)

clubman mini

„MINI“ на женевскиот авто-саем го претстави концептот на новиот „Clubman“. Во однос на актуелниот модел, автомобилот порасна и доби заден пар на врати со стандардна димензија.

„MINI“ одлучи да го редизајнира моделот „Clubman“. Новиот концепт на овој автомобил е долг 4.223 mm, широк 1.844 mm и висок 1.450 mm.

Тоа значи дека „Clubman“ пораснал во должина за 260 mm, дека е поширок за околу 170 mm, a повисок за 25 mm. Според димензиите, овој концепт е подолг и поширок од досега најголемиот „MINI“ модел – кросоверот „Countryman“.

clubman mini1

Поголемата должина овозможи вградување на класични задни врати од двете страни на возилото, за разлика од актуелниот „Clubman“ кој има мала помошна врата само на сувозачката страна.

Предниот дел на концептот е дизајниран според новата генерација на хечбекот на „MINI“, додека на задниот дел на возилото задржана е концепцијата на двојна врата на багажникот, а стоп светлата повеќе не се наоѓаат на страните на автомобилот.

clubman mini2

Наместо малите задни светлосни групи, „MINI“ се одлучи за целосно друго решение. Стоп светлата се преместени на вратата на багажникот, поголеми се од претходно и се поставени хоризонтално. Поради сите промени на задниот дел на возилото, „Clubman“ изгледа полуксузно во однос на претходникот.

Иако станува збор за концепт, продукциската верзија нема многу да се разликува од автомобилот кој е на фотографиите. Од „MINI“ објаснуваат дека новиот „Clubman“ во однос на првата генерација ќе претставува чекор напред кога станува збор за просторот во кабината, но и во погледот на квалитетот на материјалите.

clubman mini3

Контролната табла е дизајнирана во стилот на новата генерација на моделите на „MINI“, па наместо на централната конзола, таа се наоѓа пред возачот. Нејзината претходна позиција ја зазема екранот од мултимедијалниот систем. На концептот „Clubman“, сите инструменти на контролната табла се дигитални, но најверојатно кај сериската верзија брзинометарот и обртомерот ќе ја задржат аналогната форма, како кај новиот „MINI“ хечбек.

Продукцискиот „Clubman“ би можел да се очекува кон крајот на 2014-та година или на почетокот на 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП