7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗенит го отпушти Спалети, Семак на негово место

Зенит го отпушти Спалети, Семак на негово место

semak spaleti

Зенит го отпушти италијанскиот тренер Лучијано Спалети, кој беше на чело на тимот од Санкт Петербург во последните пет години. До крајот на сезоната рускиот гигант ќе го води Сергеј Семак.

Спалети со екипата на Зенит дојде до титулата во Русија во 2010-та и 2012-та година, но минатата сезона ја загуби во конкуренција на ЦСКА Москва.

Тимот од Санкт Петербург е пред испаѓање од 1/8-финалето во Лигата на шампионите, откако загуби со 2:4 од Борусија Дортмунд во првата меѓусебна средба. Екипата на Зенит е втора во руската Премиер лига, заостанувајќи со два бода зад лидерот Локомотив Москва.

Откако минатата година ја заврши натпреварувачката кариера, Сергеј Семак застанува на чело на тимот до крајот на сезоната. 38-годишниот млад стратег играше за ЦСКА, ПСЖ, Рубин Казан и Зенит, а освен тоа има и 65 натпревари за рускиот национален тим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП