7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБорусија сака да го откупи Сахин

Борусија сака да го откупи Сахин

nuri sahin009

Финалистот од Лигата на шампионите од минатата сезона, Борусија Дортмунд, ќе ги откупи правата за Нури Сахин од Реал Мадрид, соопштува „Билд“.

25-годишниот турски репрезентативец беше позајмен од „кралскиот клуб“ на „милионерите“ до летото 2015-та година, но германскиот гигант планира да го откупи за 7 милиони евра на крајот од оваа сезона. Халфот премина од Дортмунд во Реал Мадрид во 2011-та година, по што играше една сезона како позајмен и за Ливерпул. Тој има одиграно само 4 натпревари за „белите“, но не успеа да си обезбеди место во стартниот тим.

Сахин е важен дел од составот на Јирген Клоп, кој и покрај тоа што имаше несогласувања со Турчинот за време на гостувањето кај Фрајбург (1:0) минатиот викенд, кога фудбалерот беше заменет поради слабата игра.

Платата на Сахин во Дортмунд е 3 милиони евра годишно, но се очекува таа да биде зголемена, откако тој ќе биде во сопственост на „милионерите“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП