26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHyundai претстави два интересни концепти во Женева (фото)

Hyundai претстави два интересни концепти во Женева (фото)

zeneva hundai

Корејскиот производител „Hyundai“ на саемот во Женева претстави два интересни концептни автомобили, кросоверот „Intrado“ и спортскиот двосед „PassoCorto“.

Со концептот „Intrado“, „Hyundai“ сака да ни го претстави својот правец на дизајнирање на своите идни модели. Овој правец е наречен „Fluidic Sculpture 2.0“.

Имајќи ги во предвид актуелните трендови во индустријата, одлуката новиот дизајнерски правец да се претстави на концепт на спортски кросовер изгледа како вистински чекор. На предниот дел доминира голема маска околу која се распоредени „LED“ светла.

zeneva hundai1

Пластични додатоци од сива боја се додадени на долната ивица на браникот и околу тркалата.

Задниот дел го украсуваат „LED“ светла во „C“ облик и заоблена врата на багажникот со висока долна ивица. Страните на возилото се обликувани со остри линии и многу се нагласени.

Иако изгледот на концептот нема да ги освои срцата на сите луѓе, кабината е замислена како спортска и минималистичка средина. „Hyundai“ сакаше да го истакне спортскиот управувач со неправилна форма, мултимедијалниот систем кој е одвоен од конзолата, како и целосно дизајнираната инструмент табла.

zeneva hundai2

Концептот „Intrado“ исто така најавува и нова технологија која „Hyundai“ ја развива за да постигне супер-лесна конструкција за идните модели.

Интересно е што енергијата за погон на овој концепт доаѓа од горивни ќелии кои се помали и поефикасни од оние кои се претставени за моделот „ix35 Fuel Cell“.

zeneva hundai3

Другиот интересен автомобил кој женевската публика имаше можност да го види е концептот „PassoCorto“. Oваа дизајнерска студија настана во соработка со италијанскиот „Istituto Europeo di Design“ (IED).

За дизајнот на автомобилот се потпишува тим од 16 студенти на овој институт, кои од „Hyundai“ добија задача да креираат мал спортски двосед со централно поставен мотор.

Според зборовите на луѓето од „Hyundai“, обликувањето на ова возило е доверено на институтот од Торино, затоа што замислено е концептот да претставува посвета на италијанскиот автомобилски дизајн.

zeneva hundai4

„PassoCorto“ (што на италијански јазик значи „кратко меѓуосовинско растојание“) е долг 4.100 mm, широк 1.800 mm и висок 1.160 mm, додека растојанието меѓу предната и задната осовина изнесува 2.450 mm. Kaросеријата е изработена од јаглеродни влакна, па така ова возило е тешко само 840 kg.

Студијата „PassoCorto“ има многу допирни точки со „Alfa Romeo 4C“ (димензии, маса, позиција на моторот….), а предвидено е автомобилот за погон да добие 1.6 литарски четирицилиндарски „twin-turbo“ мотор со околу 270 ks.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП