3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗWalmart го претстави својот футуристички камион (видео)

Walmart го претстави својот футуристички камион (видео)

walmart-kamion

Американскиот синџир на продавници претстави концепт на свој камион кој би требало да биде целосно еколошки ориентиран, а со тоа компанијата да заштеди големи пари.

Името на овој камион, кој е конструиран во соработка со „Peterbilt & Capstone Turbine“, е „WAVE“ и изгледа како да е дизајнерско дело на некој футуристички ориентиран инженер.

Предната маска на овој камион изгледа како да е позајмена од играта „Angry birds“. Во кабината има доста бенифиции, како што е вратата за кабината за спиење, прозори кои се отвораат со притискање на едно копче и ретровизори со „LED“ дисплеј.

Што се однесува до приколката која овој камион ја влече, таа скоро целата е направена од карбон фибер. Ова е прв пат целата страна на приколката, која е долга 15 метри, да е направена од еден дел, како целина. Со тоа „Walmart“ направи заштеда од дури 5.000 евра.

Тоа со што особено се гордеат во „Walmart“ е фактот дека овој камион може да се движи на дизел, биодизел, гас, но има и електромотор, со што ќе биде многу пријателски за околината.

Засега се уште не се знае ништо за техничките спецификации на овој камион, но и тоа дали воопшто ќе биде претставен производен модел на овој камион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП