6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо ќе работи како аналитичар на СП во Бразил

Мурињо ќе работи како аналитичар на СП во Бразил

B

Португалскиот фудбалски стручњак и менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо ќе учествува на Мундијалот во Бразил, но не како предводник на некоја репрезентација туку како стручен аналитичар за сајтот на Јаху.

„Специјалниот“ потпиша договор со познатиот сајт и ќе биде глобален фудбалски амбасадор во 2014 година.

Освен стручните анализи, Мурињо ќе треба да објавува и фотографии и видео записи кои ќе ги направи во текот на шампионатот.

– Ова за мене ќе биде нова задача и ќе ми претставува предизвик. Ќе комуницирам со луѓето, ќе ги споделувам моите сфаќања и идеи околу Светското првенство со милиони луѓе.

Значи не се работи за илјада лица кои купиле весник или милион гледачи пред тв екраните. Се работи за повеќе десетици милиони заинтересирани за СП. Ќе има такви кои ќе се сложуваат со мене, а ќе има и контра. Како и да е, очекувам добра забава, изјави Мурињо.

Светското првенство во Бразил ќе се одржи од 12 јуни до 13 јули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП