3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМилан го посакува Диего Лопез

Милан го посакува Диего Лопез

diego-lopez11

Раководството на Милан ќе се направи обид да започне преговори за голманот на Реал Мадрид, Диего Лопез, пренесува весникот „Тутоспорт“.

„Росонерите“ веќе неколку сезони не успеваат да најдат долгорочна опција за голманската позицијата, а во моментов таму меѓу стартерите е ветеранот Кристијан Абиати. Новиот тренер на Милан, Кларенс Сидорф е импресиониран од настапите на Лопез за „кралевите“ и ќе се обиде да го земе на „Сан Сиро“.

Проблем може да биде фактот дека Реал нема интерес да го продава Шпанецот, кој претходно во сезонава доби и нов договор. Лопез заигра многу добро по трансферот од Вилјареал и легендата Икер Касиљас го тргна од стартното место. Голманот остана најпосакувана опција и кај Карло Анчелоти, па тој беше меѓу стартните 11 во сите 26 првенствени натпревари на тимот до моментов, а на Касиљас засега му е загарантирано местото во првиот тим, но само на средбите од Лигата на шампионите и Купот на Кралот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП