3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнтиќ се врати на теренот со двоцифрен број поени

Антиќ се врати на теренот со двоцифрен број поени

pero

Првиот Македонец во НБА лигата Перо Антиќ по едно и пол месечна пауза се врати на теренот и постигна 10 поени и четири скокови за само 16 минути игра на ноќешниот дуел во кој Атланта загуби од Портланд.

Освен Антиќ кај Атланта двоцифрен ефект имаше и Картие Мартин со 16 поении и Џеф Тиг со 10 поени.

Во победничката екипа најдобри беа Мо Вилијамс со 16 и Никола Батум со 14 поени и 18 скокови.

Резултати на ноќешните натпревари во НБА лигата: Портланд – Атланта 102:78, Шарлот – Индијана 109:87, Орландо – Хјустон 89:101, Вашингтон – Јута 104:91, Бостон – Голден Стејт 88:108, Бруклин – Мемфис 103:94, Детроит – Чикаго 94:105, Милвоки – Сакраменто 102:116, Минесота – Њујорк 106:118 и Денвер – Далас 115:110.

Вечерва се играат три натпревари: Сан Антонио – Мајами, Феникс – Оклахома и ЛА Лејкерс -ЛА Клиперс.

Пласман Источна конференција: Индијана 46-15 (победи-порази), Мајами 43-15, Торонто 33-26, Чикаго 34-27, Вашингтон 32-29, Бруклин 30-29, Шарлот 28-33, Атланта 26-33,…

Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 46-15, Сан Антонио 44-16, Хјустон 42-19, Портланд 42-19, ЛА Клиперс 42-20, Голден Стејт 38-24, Феникс 35-25, Далас 36-26,…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП