5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПорто го отпушти тренерот Фонсека

Порто го отпушти тренерот Фонсека

Eintracht Frankfurt vs FC Porto

Тренерот на Порто, Паоло Фонсека ќе ја напушти функцијата по најдолгата серија на слаби резултати на клубот во последните 10 години. Од раководството на португалскиот шампион изјавија дека постигнале договор со Фонсека за раскинување на неговиот ангажман.

Привремено Порто ќе биде воден од тренерот на вториот тим Луис Кастро. На 23-ти февруари Порто загуби со 0:1 од Есторил на „Естадио де Драгао“ и така го регистрира првиот пораз на домашен терен во првенството на Португалија по повеќе од пет години и трет во шампионатот.

Порто заостанува 9 поени од лидерот Бенфика. Клубот, кој ја освои титулата во земјата осум пати во последните 10 години, е во серија од четири натпревари без победа во сите натпреварувања.

Порто ќе игра со италијанскиот Наполи следната недела во осминафиналето од Лига Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП