25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСветска премиера на Hondа Civic Type R (фото)

Светска премиера на Hondа Civic Type R (фото)

type r civic

Возилото кое автомобилската јавност долго го очекуваше, конечно е претставено на саемот во Женева. Станува збор за предпродукциски концепт, додека сериската верзија на „Civic Type R“ ќе пристигне во 2015-та година.

Љубителите на спортски автомобили со нетрпение го очекуваа почетокот на март и отворањето на 84-тиот женевски авто-саем, се со цел да ја видат новата „Hondа Civic Type R“, но во официјалното соопштение од јапонскиот производител не беа објавени многу детали.

type r civic1

Автомобилот е богат со аеродинамички додатоци, како новиот преден браник со сплитер и дополнителни елементи на праговите.

На задниот дел на концептот се наоѓа голем спојлер и моќен дифузор кои се тука да ја емитуваат моќта на автомобилот. Динамичниот изглед е комплетиран со проширените крила и четирите хромирани цевки со кои се завршува издувниот систем.

type r civic2

За моторот не беше кажано ништо ново, туку веќе познатата информација, дека под хаубата се наоѓа четирицилиндарски 2.0-литарски бензинец од серијата „Earth Dreams“, кој како што е најавено ќе произведува најмалку 280 ks (206 kW).

Моќта се пренесува на предната осовина преку шестстепениот мануелен менувач.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП