6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИнтер влегува во трката за Подолски

Интер влегува во трката за Подолски

lukas inter

Германскиот репрезентативец Лукас Подолски во последно време се почесто е поврзуван со напуштање на Арсенал во текот на летото и според „Gazzetta dello Sport“, Интер е најблиску до потписот на фудбалерот на „топџиите“.

Спортскиот директор на „нероазурите“ Пиеро Аусилио минатата недела патувал до Лондон за да води преговори со Немања Видиќ, чиј трансфер се смета за сигурен, но исто така има собрано информации за Подолски.

Договорот на 28-годишниот фудбалер истекува во летото 2016-та година, но како „Gadzzetta dello Sport“, така и англиски медиуми констатираат дека играчот најверојатно ќе ја промени средината во текот на летото.

Сепак, Интер ќе има сериозни потешкотии при привлекувањето на Германецот. Прво – платата на фудбалерот и второ – желбата на Подолски да игра во Лигата на Шампионите.

Според неофицијални извори, Интер преговара и со дефанзивците Патрис Евра и Бакари Сања, чии договори истекува на крајот на сезоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП