
Стручниот штаб на англиската фудбалска репрезентација во очекување на Мундијалот во Бразил доби психолог.


Стручниот штаб на англиската фудбалска репрезентација во очекување на Мундијалот во Бразил доби психолог.
За ваков потег во Англиската федерација размислувале подолго време, а одобрување дал и селекторот Рој Хоџсон.
– Ова не е обичен психолог. Тој е познат професионалец во својот домен. Се работи за д-р Стив Питерс кој има долгогодишно искуство во разни спортови, вклучувајќи го и фудбалот. Тој има работено во Ливерпул. Ние веќе долго време ја разгледувавме опцијата да вклучиме психолог, но ја баравме правата личност, изјави Хоџсон.
На Светското првенство кое во јуни и јули ќе се одржи во Бразил, Англичаните играат во група заедно со Италија, Костарика и Уругвај. з