18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБаварците го меркаат Гундоган

Баварците го меркаат Гундоган

ilkay-guendogan32

Раководството на Баерн Минхен подготвува нов тежок удар врз големите конкуренти од Борусија Дортмунд. Весници во Германија пишуваат дека баварскиот гигант веќе остварил контакт со претставниците на халфот – Илкај Гундоган. Германскиот репрезентативец е предмет на интерес на голем број европски гиганти, а до скоро се сметаше дека најблиску до неговиот потпис се шпанските тимови, Барселона и Реал.

Експлоатацијата на Баерн сигурно повторно ќе го загрижи Јирген Клоп и компанија, кои се на чекор да пропуштат уште еден свој талент. Потсетуваме дека „баварците“ веќе имаат договори со Марио Гетце и Роберт Левандовски (од 1-ви јуни), а претседателот тимот од Минхен – Карл-Хајнц Румениге изјави дека германскиот шампион ќе продолжи да го купува најдоброто од „Сигнал – Идуна Парк“.

Илкај Гундоган сепак нема да излезе воопшто поевтин за „баварците“, затоа што за неговите услуги ќе мораат да бидат платени најмалку 35 милиони евра. Во оваа сезона полудефанзивецот има само 54 минути во Бундеслигата, бидејќи се опоравува од тешката повреда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП