13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРибери: Гвардиола е најдобриот тренер со кој сум работел

Рибери: Гвардиола е најдобриот тренер со кој сум работел

fcb_chat_guardiola_ribery

Крилото на Баерн Минхен и француската репрезентација, Франк Рибери изјави дека Пеп Гвардиола е најдобриот тренер со кој работел во кариерата.

„Тој е многу важен за мене. Одличен тренер кој настојува и екипата и играчите да бидат што е можно подобри. Јас сум многу среќен што Гвардиола ни е тренер. Дали е најдобриот со кој имам работено? Да, најдобриот е. Многу добро го познава фудбалот и од него многу научивме. Секој ден од него може нешто да се научи“, вели Рибери.

Притоа истакна дека несака да ги намали заслугите на поранешниот тренер Јуп Хејнкес со кој Баерн минатата сезоната освои три титули.

„Јуп Хејнкес работеше многу добро со нас две години, но Гвардиола е сосема друг тип на тренер. Во прашање се двајца големи тренери, но потполно различни“, истакнува 30-годишниот Французин.

Рибери на 6-ти февруари имаше мала операција за да ја санира повредата на крвните садови, но се очекува тој наскоро да се врати на терените.

„Се радувам на враќањето во екипата. Веќе некое време можам добро да трчам и се надевам дека наскоро повторно ќе бидам подоготвен за настап“, додава Рибери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП