27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКонцептот Hazumi сугерира на моќна Mazdа 2 (фото)

Концептот Hazumi сугерира на моќна Mazdа 2 (фото)

mazda dva hazumi12

Jапонската компанија ги објави првите фотографии и спецификации на концептот „Hazumi“ и покажа дека може успешно да се примени новиот „Kodo“ дизајн и на малите автомобили, како идната генерација на „Mazdа 2“.

Доколку „Mazda“ остане доследна на концептот „Hazumi“, новата „двојка“ најверојатно ќе биде еден од најпривлечните модели во својата класа.

mazda dva hazumi13

Дизајнерите вешто ја вклопија новата, карактеристична маска на „Mazdа“ и формата на фаровите во автомобилот со помали димензии. Од поголемите модели на „Mazdа“ успешно беа пренесени страничните линии и задниот дел со препознатливи стоп-светла.

Концептот „Hazumi“ е преставен во форма на хечбек со пет врати. Автомобилот е долг 4.070 mm, широк 1.730 mm и висок 1.450 mm, додека меѓуосовинското растојание изнесува 2.585 mm.

mazda dva hazumi14

Како и обично, кога станува збор за концепти кои треба да остават силен впечаток, и „Hazumi“ е опремен со преголеми 18-инчни алуминиумски тркала на кои се поставени гуми со димензии 215/40.

Kабината е дизајнирана така што има четири посебни седишта за да се сместат исто толку патници.

Од „Mazdа“ велат дека автомобилот покрај останатото е опремен со мултимедијалниот систем „MZD Connect“ кој е поврзан со „head-up“ дисплеј, за на возачот да му бидат овозможени потребните информации кои се неопходни за возењето, а притоа да не го симнува погледот од патот пред себе.

mazda dva hazumi15

Концептот „Hazumi“ доби погон од новиот 1.5-литарски турбо-дизел „SKYACTIV-D“ мотор кој ги задоволува „Euro 6“ стандардите и емитува помалку од 90g „CO2“ по километар.

Спецификациите на моторот не се соопштени, а се очекува наскоро да се најде на некои од актуелните модели на „Mazdа“, а секако и на идната „Mazdа 2“.

mazda dva hazumi16

Со претставениот концепт „Hazumi“, „Mazda“ направи голем дел од работата во развојот на продукциската „Mazdа 2“. Со нешто помал екстравагантен ентериер и поблаг дизајн на надворешноста, можеме да очекуваме многу привлечен мал автомобил кој ќе биде сериозен конкурент во својата класа.

Според прогнозите, новата генерација на „Mazdа 2“ би можела да биде претставена на саемот за автомобили во Париз, оваа есен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП