7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИнтер го менува нападот, Џеко и Освалдо се нивна желба

Интер го менува нападот, Џеко и Освалдо се нивна желба

dzeko osvaldo

Интер подготвува трансфер бомби за во летниот преоден рок, а плановите на клубот се да изврши промени во нападот и да ги привлече Дани Освалдо и Един Џеко, тврдат одредени медиуми во Италија.

Освалдо е во сопственост на англискиот Саутемптон каде тотално разочара со настапите, но тој во моментов игра како позајмен играч во Јувентус. Џеко пак не е стартер во редовите на Манчестер Сити, бидејќи Мануел Пелегрини на неговата позиција ги преферира Алваро Негредо и Кун Агуеро.

„Нероазурите“ во моментов се на 5-тото место во Калчото и е малку веројатно да се квалификуваат на некоја од трите позиции кои обезбедуваат настап во Лигата на шампионите. Но амбициите на Ерих Тохир за следната сезона, целите на тимот да бидат повисоки.

Родриго Паласио, Мауро Икарди и Диего Милито постигнаа вкупно 16 гола во сезоната досега, па поради тоа во Интер ќе се обидат да ги привлечат двајцата напаѓачи, за конкуренцијата во нападот да биде доста силна.

Имињата на Џеко и Освалдо и пред тоа биле поврзувани со трансфер на „Џузепе Меаца“, а интересот на Интер кон репрезентативецот на БиХ не е од неодамна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП