21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБентитез го посакува Јоветиќ

Бентитез го посакува Јоветиќ

Britain Soccer Premier League

Наполи му дава шанса на Стеван Јоветиќ да се врати во Италија, земјата во која ја стекна фудбалската афирмација.

Стеван Јоветиќ беше најавен како големо засилување на „граѓаните“ во летниот преоден рок, сепак неговиот учинок никако не ги задоволува симпатизерите на Манчестер Сити.

Колку и да е неблагодарно да се оценува остварувањето на фудбалер во „нулта сезоната“, сепак најголем проблем за Јоветиќ беа повредите. Како што одминуваше сезоната, проблем за Црногорецот беше и одличната форма на конкурентите за место во нападот, па скапо платеното засилување на Сити ретко добиваше шанса за настап.

Неодамна агентот на Јоветиќ во изјава за англиските медиуми укажа дека на крајот на сезоната ќе донесат проценка за реалната состојба и за одлуката која ќе биде најдобра за Црногорецот.

По годината во која импресионираше во дресот на Фиорентина, време за губење нема. Можност Јоветиќ да го доведат во своите редови чекаат Јувентус, Интер, но и Наполи.

Рафа Бенитез би можел да го засили својот напаѓачки ред на крајот на сезоната, па тој го покажа својот интерес кон Јоветиќ.

„Јоветиќ е врвен фудбалер, на кого во Англија на стартот едноставно не му оди. Доколку си замние од клубот, тој ќе се врати во Италија каде го чекаат Интер и Наполи кои се најзаинтересирани“, пренесуваат англиските медиуми од извор близок до играчот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП