8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Ѓаволите“ ја повторуваат историјата, на „мета“ новиот „Роналдо“!

„Ѓаволите“ ја повторуваат историјата, на „мета“ новиот „Роналдо“!

Carlos Mane Sporting Lisbon

На „Олд Трафорд“ сите многу добро се сеќаваат на купувањето кое го изврши Алекс Фергусон, кога од стадионот на Спортинг го доведе во моментов најдобриот фудаблер на светот. Сега Манчестер Јунајтед сака да ја повтори историјата.

Според англиските медиуми, Калос Мане, младиот фудбалер на Спортинг, би можел летово да се најде кај тренерот Дејвид Мојс.

Овој деветнаесетгодишен фудбалер е често споредуван со Кристијано Роналдо од страна на новинарите, се со цел да се зголеми цената на овој играч.

Имено, се верува дека цената по која Спортинг сака да го продаде овој фудбалер е некаде околу 20 милиони фунти.

Тинејџерот досега постигна 4 гола на дванаесет средби за својот тим во оваа сезона и на тој начин и помогна на својата екипа да влезе во битката за титулата.

Од друга страна, Манчестер Јунајтед има многу проблеми со крилините фудбалери, па доведеувањето на овој млад фудбалер би можело да биде реално.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП