2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФерги сакал да го продаде Роналдо во Барса!

Ферги сакал да го продаде Роналдо во Барса!

Cristiano_Ronaldo_24

Поранешниот претседател на Реал Мадрид Рамон Калдерон објави дека Кристијано Роналдо имал понуда од Барселона, пред да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“.

Португалецот премина во Реал во 2009-та од Манчестер Јунајтед, и веднаш стана најголемата ѕвезда на „кралскиот клуб“.

Калдерон откри дека Сер Алекс Фергусон сакал да го испрати Роналдо во Барселона, но самиот фудбалер одбил.

„Вистина е во продолжение Фергусон се обидуваше да го спречи трансферот во Реал, и да го прати во Барселона. „Каталонците“ беа задоволни од овие обиди, и се беше во рацете на Роналдо“, изјави Калдерон.

„Нема да одам никаде на друго место, освен во Реал Мадрид“, тоа беше изјавата на Португалецот во тој момент.

„Сите беа среќни од договорот. Јунајтед доби 80 милиони фунти, Реал го зеде најдобриот играч во светот, а Кристијано го доби она што го сакаше. Фудбалери како него не ги гледаат само парите, тие сакаат слава и сакаат да играат во тим, со кој може да заработат титули, да бидат најдобари во светот и да земаат „златни копачки“, додава Калдерон.

„Има само три, четири, пет клуба во целиот свет, кои можат да му го дадат она што го сака. Кристијано е најдобар во светот, бидејќи секое утро се буди само со мислата да биде најдобар и сака да е подобар од претходниот ден“, вели поранешниот претседател на „кралевите“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП