Фудбалерот на ПСЖ, Максвел го продолжи договорот со клубот од Париз до јуни 2015-та година.
Бразилецот во редовите на „светците“ пристигна во 2011-та година и за тоа време настапи на 91 средба во сите натпреварувања.
Минатата година, тимот од „градот на светлината“ го освои првенството и францускиот Суперкуп.
„Многу сум горд на довербата која претседателот Насер Ал Келаифи ја има за мене. Ќе продолжам да го давам максимумот на секој натпревар, се со цел да им се оддолжам на клубот и навивачите“, изјави Маквел за официјалната интернет страна на клубот.
Во својата кариера, Максвел настапуваше во дресовите на Крузеиро, Ајакс, Интер и Барселона, а за репрезентацијата на Бразил настапи на седум средби.