1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМојс го продава Ван Перси!?

Мојс го продава Ван Перси!?

van-persi117

Англиските медиуми пишуваат дека многу е голема веројатноста холандскиот напаѓач да си замине од „Олд Трафорд“, отколку да остане.

Незадоволството на Робин ван Перси од кога Дејвид Мојс го превзема кормилото, расте од ден на ден, и точка на вриење се постигна по поразот на гостувањето кај Олимпијакос.

„Ѓаволите“ загубија од страна на грчкиот шампион во Атина со резултат 2:0, а холандскиот репрезентативец не се двоумеше да ја критикува очајната тактика на Мојс кој го гуши, затоа што тврди дека одредени соиграчи му го загрозуваат просторот за игра.

Ван Перси, најдобриот стрелец во Премиер лигата во минатата година и најзаслужниот за 20-тата титула првак на Англија, а исто така му пречи што Вејн Руни доби нов договор според кој ќе биде премногу платен. Најверојатно Јунајтед за следната сезона нема да избори пласман во Лигата на шампионите, па поради тоа постојат реални шанси, тој да ја промени средината во текот на летниот преоден рок.

Се споменува дека тој би можел да се врати во Арсенал, но се и натаму е на ниво на шпекулации.

Во оваа сезона, Ван Перси постигна 14 гола на 22 натпревари, но нема сомневање дека тој ќе беше многу поефикасен ако немаше проблеми со повредите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП