27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen T-Roc Сoncept: Официјални цртежи

Volkswagen T-Roc Сoncept: Официјални цртежи

vw roc 1

Германските медиуми минатиот месец пишуваа дека „Volkswagen“ подготвува конкурент на малите кросовери како што се „Opel Mokka“, „Peugeot 2008“ и „Nissan Juke“, како и тоа дека концептната верзија на овој автомобил би можела да се појави веќе на годинешниот саем во Женева. Сега и официјално е потврдено, а пред нас се и официјалните компјутерски цртежи.

Сериската верзија, според сегашните најави, би требало да се појави во 2016-та или 2017-та година, а на истата платформа ќе биде базиран и идниот „Audi Q1“.

vw roc 11

Во понудата би требало да се најдат бензински и дизел мотори со распон на моќта од 90KS дo 184KS, a не е исклучена ни „R“ варијанта како одговор на моделите „Juke Nismo RS“ (200KS) и „Mini Countryman John Cooper Works“ (218KS).

Што се однесува до самиот концепт „T-Roc“, за неговиот погон ќе се погрижи 2.0-литарски „TDI“ агрегат со 135 kW/184KS и 380 Nm вртежен момент во комбинација со „DSG“ менувач.

vw roc 1111111

Можно е да се изберат три начини на возење („Street“, „Offroad“ и „Snow“), погонот е „4MOTION“ на сите четири тркала, додека потрошувачката на гориво според фабричките податоци изнесува 4,9 l/100 km.

Внимание привлекуваат и „LED“ светлата, алуминиумските тркала од 19-инчи и панелите од тарга покривот кои може да се отстранат и да се сместат во багажникот.

vw roc 111111

Концептот „T-Roc“ е долг 4179 mm, широк 1831 mm и висок 1501 mm, што значи дека за 246 mm е пократок, 23 mm потесен и 199 mm понизок од „VW Tiguan“.

Овој 1420 kg тежок коросвер до 100 km/h забрзува за 6,9 секунди и може да достигне максимални 210 km/h.

vw roc 11111111

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП