5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЗа Американците поважен е интернетот отколку телевизијата

За Американците поважен е интернетот отколку телевизијата

Internet

Американците толку многу го засакале интернетот, што, кога би морале, попрво би се откажале од пристапот до телевизија отколку до интернет, покажуваат резултатите од анкетата спроведена од истражувачката компанија „Pew Research Center“.

Резултатите покажуваат дека 53 отсто интернет корисници во САД многу тешко би се откажале од интернетот, што е голем раст во однос на 38 проценти во 2006 година.

Дури и ако се земат предвид оние кои не одат често на Интернет, 46 отсто од возрасните многу тешко би се откажале од глобалната компјутерска мрежа.

Од друга страна, истражувањето покажува дека 35 отсто возрасни лица во САД тешко би се откажале од телевизор, во споредба со 44 проценти испитаници во 2006 година.

Според овие резултати, жените повеќе од мажите се „врзани“ за интернетот, како и луѓето со поголеми плати и повисок степен на образование.

Мобилните апарати се наоѓаат на второ место, веднаш зад интернетот, имајќи предвид дека 49 проценти од сопствениците на мобилен телефон одговориле дека не можат да се откажат од своите апарати, во споредба со 43 отсто во 2006 година.

Неверојатен пораст е забележан во користењето на интернетот, посебно од 1995 година, кога бројот на корисниците во САД изнесувал 14 отсто, во однос на околу 87 проценти возрасни Американци денес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП