17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса ја одреди цената за Кркиќ

Барса ја одреди цената за Кркиќ

eredivisie-bojan-krkic

Барселона ја одреди цената на Бојан Кркиќ и таа изнесува само 5 милиони фунти, па се очекува многу клубови да се заинтересираат за неговите услуги во текот на летото.

Некогашниот голем талент, кој беше проценет и на 35 милиони фунти, а сега фудбалер кој го бара своето место под сонцето, игра како позајмен играч во Ајакс и тоа не така добро.

Барса ќе му дозволи на Кркиќ да си замине, поради тоа што во овие години му е потребна поголема минутажа, така што нема да биде уште еден пропуштен талент.

Како најзаинтересирана екипа во овој момент се споменува Ливерпул, но по јавното откривање на цената на Кркиќ, се очекува многу други клубови да се вклучат во трката за неговиот потпис.

Кркиќ оваа сезона одигра 15 натпревари во холандската лига и постигна два гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП