28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо најави враќање во Интер!?

Мурињо најави враќање во Интер!?

jose_mourinho_9

Менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо најави за евентуално враќање на чело на Интер. Специјалниот истакна дека по крајот на неговиот втор престој на „Стемфорд Бриџ“ може повторно да ги преземе „нероазурите“.

„Се чувствувам добро во Челзи, но во иднина е многу веројатно сопственикот на тимот Роман Абрамович да каже дека сето тоа завршува“, изјави Мурињо.

„На тој ден повторно би заминал кон Италија. Но, таму сепак можам да бидам тренер на Интер и на никој друг“, откри португалскиот стратег, кој освои три титули со Интер во 2010-та година.

Вчера Челзи на Мурињо одигра 1:1 при гостувањето кај Галатасарај во првата средба од 1/8-финалето на Лигата на шампионите, а реваншот во Лондон е на 18 март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП