4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМората сака да го продадат во Арсенал!?

Мората сака да го продадат во Арсенал!?

morata arsenal

Напаѓачот на Реал Мадрид Алваро Мората се согласил да премине во Арсенал. Ова го тврди познатиот новинар од „AS“ Гијем Балаге.

Според него, Мората ќе побара од раководството на кралскиот клуб во текот на летото да го продаде на „топџиите“, кои се обидоа да го привлечат уште за време на зимскиот преоден рок.

„Мората е согласен да потпише со Арсенал, па ќе преостане двата клуба да се договорат за трансферната сума. Тој ќе зборува со шефовите на Реал и ќе се обиде да ги убеди да ја прифатат понудата на Арсенал“, изјави Балаге.

Младинскиот репрезентетивец на Шпанија многу ретко игра од почетокот на сезоната, за сметка на Хесе Родригез, кој брзо стана миленик на публиката на „Бернабеу“. Во Примера 21-годишниот талент има 13 натпревари и 3 гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП