13 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolvo Concept Estate

Volvo Concept Estate

volvo estate

На интернет се појавија првите фотографии на најновиот концепт на „Volvo“ и тоа пред неговата официјална премиера на саемот во Женева. „Concept Estate“ е дизајниран на начинот како и претходните два концептни автомобили и сугерира на идниот стилски пристап во дизајнирањето на моделите на оваа компанија.

За само пола година, „Volvo“ прикажа три нови концептни автомобили со кои овој производител ја најавува новата „Scalable Product Architecture“ (SPA) платформа, со целосно редефиниран дизајн на своите автомобили.

За различниот стилски пристап најзаслужен е новиот шеф на дизајн, Томас Ингенлат.

volvo estate1

„Volvo Concept Estate“ ги превзема визуелните карактеристики од предниот дел на „Concept Coupe“, додека задниот дел е изведен во „Shooting Brake“ или поедноставно во караван форма.

За подобра осветленост во кабината употребен е голем панорамски стаклен покрив.

Решението на обликот на фаровите и вратата на багажникот се веќе видени на „Volvo Concept XC Coupe“, кој беше прикажан на детроитскиот саем за автомобили во јануари.

volvo estate2

Задните светла во себе го обединуваат вертикалниот сегмент, карактеристичен за „Volvo SUV“, кросовер и караван возилата, и долниот дел во форма на буквата „Ц“.

Од друга страна, со својата силуета, најновиот концепт е посветен на моделот „Volvo 1800ES“ од седумдесетите години од минатиот век.

По првите фотографии, очекуваме „Volvo“ наскоро и официјално да го претстави овој концепт, по што ќе бидат познати повеќе детали за ова возило.

volvo estate3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП