17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМатуиди ја продолжи верноста со „светците“

Матуиди ја продолжи верноста со „светците“

matuidi psg1

Фудбалерот на францускиот шампион ПСЖ, Блес Матуиди одлучи да ја продолжи верноста со клубот до летото 2018-та година. Актуелниот договор на халфот истекуваше на крајот на сезоната.

Матуиди беше доведен во Париз во текот на летото на 2011-та година од редовите на Сент Етиен за 7,5 милиони евра, а според новиот договор тој ќе зема поголема плата. Се очекува во следните денови неговиот пример да го следи и левиот дефанзивец Максвел.

Матуиди е меѓу стартерите во ПСЖ, иако во зимскиот преоден рок на неговата позиција беше доведен Јоан Кабај од Њукасл. Халфот досега одигра над 100 натпревари за „светците“ во сите натпреварувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП