6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТорес се враќа во Атлетико Мадрид!?

Торес се враќа во Атлетико Мадрид!?

Switzerland Soccer  Champions League

Англиските медиуми јавуваат дека Атлетико Мадрид е заинтересиран да го врати Фернандо Торес на „Винсенте Калдерон“.

Шпанскиот напаѓач и натаму е ценета и сакана фигура во Мадрид, во својот град и својот клуб, а навивачите нормално со радост би ја прифатиле веста за негово враќање.

„Ел Нињо“ помина седум години во првиот тим на клубот, во кој пристигна како 11-годишен. Сега како 29-годишен, Торес пред се би бил голем маркетиншки потег за „јорганџиите“. Исто така враќањето во татковината би можело да има позитивно влијание врз кариерата на Торес, која во моментов не е на посакуваното ниво.

За разлика од Ливерпул во кој блескаше, напаѓачот кој во Челзи беше доведен за 50 милиони, не ни игра близу на нивото кое од него се очекуваше.

Иако во последниве шест месеци значително ги подобри своите движења, брзина и снага, фактот дека постигна дури 19 голови на 101 натправар во Премиер лигата е поразувачки.

За евентуалното враќање дома се говори низ аспектот на Диего Коста, сегашниот одличен напаѓач на Атлетико кој се наоѓа во одлична форма и кој е многу посакуван од страна на Мурињо. Португалецот би можел да прифати Торес да го вклучи во размената за бразилскиот Шпанец.

Со враќањето во Мадрид на Торес ќе му се даде прилика да заигра со Давид Виља со кој со успех соработуваше во последните години во репрезентацијата на Шпанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП