3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОTотенхем сака да го трампа Ламела за Ел Шарави

Tотенхем сака да го трампа Ламела за Ел Шарави

lamela el saravi

Челниците на Тотенхем сакаат во своите редови да го видат фудбалерот на Милан, Стефан Ел Шарави, па тие се подготвени во спротивна насока да го испратат Ерик Ламела, пренесуваат италијанските медиуми.

Тотенхем минатото лето плати 35 милиони евра за Ламела, но Аргентинецот не се снајде најдобро во Тотенхем, па најверојатно постои голема можност тој да замине на крајот на сезоната.

Како што пренесуваат медиумите во Англија, за него веќе интерес покажале Јувентус и Интер, а во трката се вклучи и Милан.

Од друга страна, добро е познато дека „Спарси“ ги следат настапите на Ел Шарави, кој оваа сезона има проблеми со повредите, па се верува дека ќе пробаат да направат размена, така што во спротивна насока ќе го испратат Ламела.

Меѓутоа, тешко е да се поверува дека Милан ќе се откаже од Ел Шарави, бидејќи Сидорф сака да ги има двајцата крилни фудбалери во своите редови. Поради тоа доколку не успеат да го донесат Ламела, „росонерите“ ќе насочат кон ангажман на Даглас Коста од Шахтјор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП