28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMINI Clubman повеќе не е мини!

MINI Clubman повеќе не е мини!

mini clubman kon

Објавени се првите фотографии и спецификации од концептот на новата генерација на моделот „MINI Clubman“. Во однос на актуелниот модел, автомобилот порасна и доби задни врати со стандардни димензии.

Во „MINI“ одлучија да го редефинираат моделот „Clubman“. Новиот концепт на овој автомобил е долг 4.223 mm, широк 1.844 mm и висок 1.450 mm.

Тоа значи дека „Clubman“ пораснал во должина за 260 mm, додека е поширок за околу 170 mm, a повисок за 25 mm. Според димензиите, овој концепт е подолг и поширок од досега најголемиот „MINI“ модел, кросоверот „Countryman“.

Поголемата должина овозможи вградување на класични задни врати на двете страни на возилото, за разлика од актуелниот „Clubman“ кој има мала помошна врата на сувозачката страна.

mini clubman kon1

Предниот дел на концептот е дизајниран по углед на новата генерација на „MINI“ хечбекот, додека на задниот дел на возилото е задржана концепцијата на двојна врата на багажникот, а стоп светлата повеќе не се наоѓаат на страните на возилото.

Наместо малите задни светлосни групи, „MINI“ сe одлучи за сосема друго решение. Стоп светлата се преместени на вратите на багажникот, поголеми се од претходно и поставени се хоризонтално. Поради сите промени на задниот дел на возилото, концептот „Clubman“ изгледа полуксузно во однос на претходникот.

Иако станува збор за концепт, идната производна верзија нема многу да се разликува од автомобилот од фотографиите. Во „MINI“ објаснуваат дека новиот „Clubman“ во однос на првата генерација претставува чекор напред кога е во прашање просторот во кабината, но и во поглед на квалитетите на материјалите.

mini clubman kon2

Контролната табла е дизајнирана во стилот на новата генерација на моделите „MINI“, па брзинометарот наместо на централната конзола, се наоѓа директно пред возачот. Неговата претходна позиција ја зазема екранот од мултимедијалниот систем. На концептот „Clubman“, сите инструменти на командната табла се дигитални, но се верува дека кај сериската верзија брзинометарот и обртомерот ќе бидат во аналогна форма, како кај новиот „MINI“ хечбек.

Концептот „MINI Clubman“ ќе има премиера на претстојниот саем за автомобили во Женева, а производниот модел може да се очекува на крајот на 2014-та или почетокот на 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП