26 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса во потрага по наследник на Мартино

Барса во потрага по наследник на Мартино

barsa treneri

Раководството на Барселона веќе започна со барањето на наследник на тренерот Тата Мартино, објави каталонскиот „Спорт“. Аргентинецот има договор за уште две години, но пред две недели даде изјава што не звучеше доволно категорично.

Барселона не игра многу самоуверено, а во последното коло дури и загуби со 3:1 како гостин на Реал Сосиедад. Самиот Мартино бил обземен од сомнежи дали да продолжи со работа, па затоа шефовите на каталонците му дале задача на спортскиот директор Андони Зубизарета да подготви опции за тренери во случај, Мартино да не издржи.

Раководството на Барса бара човек кој ќе го задржи континуитет со стилот на Пеп Гвардиола, а како кандидати се споменуваат Ернесто Валверде и Луис Енрике. И двајцата сепак имаат веќе имаат ангажман, во Атлетик (Б) и Селта (Виго). Третото име на листата е отпуштениот тренер од Тотенхем, Андре Вилаш Боаш.

Ако пак од Барселона одлучат да прекинат со ерата „Гвардиола“ и радикално да го менуваат концептот, тогаш каталонците своите погледи ќе ги свртат кон Диего Симеоне и Јирген Клоп. Симеоне прави голема работа во Атлетико Мадрид, откако успеа да интервенира „јорганџиите“ да се во чекор со Барселона и Реал Мадрид за титулата. Германецот Клоп пак е актуелното име во последните денови и на Островот. Него го поврзуваат со местото на Дејвид Мојс во Манчестер Јунајтед, кој засега не се претстави како солиден наследник на Алекс Фергусон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП