27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТројца фаворити кои ќе го наследат селекторот Прандели

Тројца фаворити кои ќе го наследат селекторот Прандели

cezare prandeli12

Три имиња се споменуваат за иден селектор на Италија, кој ќе го води тимот во квалификациите за Евро 2016-та во Франција.

Актуелниот селектор Чезаре Прандели најави дека ќе се повлече од функцијата по крајот на СП 2014 во Бразил, а според италијанското издание „Тутокалчо“ кандидати да го наследат се, тренерот на Удинезе Франческо Гуидолин, тренерот на Фиорентина, Винченцо Монтана и селекторот на Русија, Фабио Капело, кој веќе го продолжи договорот до летото 2018-та година.

58-годишниот Гуидолин беше избран за тренер број 7 во историјата на Серија „А“ по стаж со 517 натпревари во првенството, а во својата кариера бил на чело уште на еден куп тимови, меѓу кои Аталанта, Болоња, Палермо, Џенова, Монако и Парма.

Винченцо Монтана од неодамна е во тренерска професија, а пред Фиорентина беше на чело на Катанија.

Се смета дека најтешката опција е Капело, кој сака да ја води Русија на домашниот Мундијал во 2018-та година. 67-годишниот легендарен стратег никогаш не го водел италијанскиот национален тим и искушението најверојатно ќе е големо. Во својата кариера бил на чело на Милан, Реал Мадрид, Рома, Јувентус и националниот тим на Англија.

Самиот Прандели за свој наследник го препорачал Луиџи ди Биаџо кој е селектор на младинската репрезентација, но тој не се наоѓа меѓу фаворитите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП