7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДрогба прифаќа да се врати во Челзи!?

Дрогба прифаќа да се врати во Челзи!?

drogba82

Легендата од „Стемфорд Бриџ“ ја отвори вратата за сензационално враќање на местото на успехот. Дидие Дрогба признава дека би ја прифатил понудата на Челзи!?

Прославениот фудбалер од Брегот на слоновата коска, кој со Челзи стекна светска слава и се искачи на врвот на фудбалска Европа, би можел во текот на летото да се врати во Лондон.

Пред неколку дена во јавноста се појави информација дека Роман Абрамович во договор со Мурињо, подготвува сензационална понуда Дидие Дрогба да се врати на местото на успехот.

Имено, англиските медиуми јавија дека Мурињо сака Дрогба да се приклучи на тренерскиот тим, па искусниот напаѓач да ги обучува напаѓачите. Сепак, островската јавност шпекулира дека покрај тренерската улога, Дрогба би можел повторно да се најде на теренот.

Како и да е, неговиот договор со турскиот клуб истекува на крајот на сезоната, а интерес за него покажаа клубови од „MLS“ лигата, поточно Ред Бул Њујорк и Сундерс од Сиетел.

Меѓутоа, самиот Дргоба истакнува дека неможе да го одбие Мурињо.

„Договорот ми истекува на крајот на сезоната и тогаш ќе ја донесам одлуката која е најдобра за мене. Во Челзи поминав одличен период и ако Мурињо ми каже дека сака да се вратам, дефинитивно сериозно би размислил“, признава Дрогба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП