5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВо текот на летото Бербатов го менува Монако со Интер

Во текот на летото Бербатов го менува Монако со Интер

berbatov inter

Бугарскиот напаѓач Димитар Бербатов може да премине во италијанскиот гигант Интер во текот на летото.

Во веста се истакнува дека напаѓачот на тимот од Милано, Диего Милито, ќе го напушти „Џузепе Меаца“ на крајот на сезоната, а раководството го избрала Бугаринот за негов заменик.

34-годишниот Аргентинец е во Интер од 2009-та година, но се очекува да премине во Јувентус како слободен играч, откако го загуби првотимскиот статус за сметка на својот сонародник Мауро Икарди.

„Димитар Бербатов најверојатно ќе биде првата опција во нападот на Интер и по двата неуспешни обиди да заигра во Калчото“, се вели во веста.

Бербатов беше пред трансфер и во Јувентус, и во Фиорентина, но тие не се реализираа.

„Предвид фактот дека враќањето на Фалкао во Монако е сигурно, едвај ќе има место и за Бербатов во тимот, кој со сигурност нема да сака да седи на клупата“, се вели уште во веста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП