6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМонако ќе се обиде да го земе Лорис

Монако ќе се обиде да го земе Лорис

ugo loris

Екипата на Монако сака во својот состав за следната сезона да го доведе голманот на Тотенхем и репрезентативец на Франција, Уго Лорис, соопштува „France Football“.

Изданието открива дека „кнезовите“ веќе се поврзале со 27-годишниот голман и му објасниле дека сакаат задолжително да го имаат за можното учество во Лигата на Шампионите за следната година.

Монако го зазема второто место во Лига 1 и речиси сигурно ќе земе директна виза за групната фаза на најкомерцијалниот европски клупски турнир, додека Тотенхем се петти во Премиерлигата и може уште еднаш да ја пропуштат Лигата на шампионите.

Сепак, Лорис засега нема желба да премине на „Луј II“, бидејќи како младинец настапувал во локалниот ривал, Ница. Пред некое време, тој дури објавил, дека дури и да добие сериозен предлог од Кнежевството, не би го прифатил.

Другите варијанти пред Монако за голманската позиција се Виктор Валдес, кој ја напушта Барселона и Стив Манданда од Олимпик Марсеј.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП