28 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 25.02.2014

Дневен хороскоп 25.02.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Клучот на успехот овие денови ќе го најдете во соработката и прифаќањето на некој компромис. Не терајте по свое бидејќи главниот збор сега за сега го водат други. Бидете отворени и кооперативни, па се ќе тргне во добра насока.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Пуштете ги другите да се изразат и внимателно слушајте ги. Во овој момент така ќе биде најдобро. Немојте да работите на своја рака. Бидете разумни, трпеливи и верувајте дека подоцна се ќе дојде на свое место. Поинаку не може. Ништо не се случува случајно. Вие тоа многу добро го знаете.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Некои ваши соработници отворено ќе ви ја покажат својата наклонетост, додека други отворено ќе ви покажат дека не ве сакаат. Прифатете го и едното и другото на мирен начин. Барем ќе знаете со кого имате работа. Држете се до зацртаните правила.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Иако има неколку проблеми што ве мачат, денес ќе успеете да се фокусирате на позитивната страна на настаните. Изненадете ги со насмевка сите што очекуваат да ве видат тажни и покажете дека сте силна личност која не потклекнува лесно од ударите на животот. Една личност што отсекогаш била до вас уште еднаш ќе ја докаже својата добронамерност.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Денес обрнете им повеќе внимание на вашите финансии. Дали трошите неразумно, дали трошите на работи кои не ги користите или пак можеби не сте задоволни од приходите? Дознајте каде е дупката во вашиот финансиски план и обидете се да ја закрпите за да можете да ја полните касата со заштеда.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

За позитивно љубовно расположение ви годи друштвото на помлади личности. На работа ќе бидете успешни само ако повеќе верувате во себе. Зголемете ја вашата самодоверба, поттикнете се самите себеси. Ваквите љубовно-деловни аспекти придонесуваат за добрата здравствена состојба.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Работата нема да ви претставува проблем, но сепак треба да го завршите започнатото. Вашите соработници насекаде ве фалат, возвратете им со нешто убаво. Закажете средба со некој стар пријател, потребно ви е дружење. За подобро здравје, избегнувајте ги пороците.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Живеете во период на љубовна хармонија во која владее меѓусебно разбирање со партнерот. Успехот во работата повеќе зависи од околностите, отколку од вас. Тоа влијае и на здравјето, каде што е присутна речиси хронична нервоза. Излезете со пријателите и забавувајте се за малку да се опуштите.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Малку сте вознемирени и ве нервира тоа што не знаете што мисли партнерот. На работа го привлекувате вниманието врз себе, но претпоставените не се сигурни во вас. Дадете го максиманиот труд, соработниците ќе го видат тоа и ќе ви помогнат да го сработите она што ви претставува проблем. Внимавајте на здравјето, постојано ја зголемувате тежината.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Потребно е да ги активирате сензорите за љубовната состојба, зашто партнерот е многу конфузен. Истата внимателност потребна е и во работата. Изгледа дека некој пред вас ќе успее да ја достигне посакуваната позиција. Здравјето е чувствително.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

На планот на љубовта успешно ги надминувате сите потешкотии. Иако на полето на работата направивте неколку лоши процени, сепак на крајот се ќе биде во ред. Внимавајте на здравјето, зашто наближува нестабилен период.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

За работата имате направено план од кој нема да се откажете, а и не би требало. Инвестирајте во нешто што сте го замислиле, ова е поволен период за вас. Потребна е малку поголема внимателност, зашто здравјето може да биде чувствително.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП