6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОMурињо состави равенка како да го земе Диего Коста

Mурињо состави равенка како да го земе Диего Коста

costa241

Менаџерот на Челзи подготвува равенка со која во текот на летото во својот клуб би требало да го доведе одличниот напаѓач на мадридски Атлетико, а притоа да се усогласи со финансискиот фер-плеј.

Мурињо неодамна говореше за неможноста на неговиот клуб на „Стемфорд Бриџ“ да доведе играчи од калибарот на Кавани, Фалкао и останатите скапоцени фудбалери.

Во прашање е финансискиот фер-плеј кој на Челзи им ја затвора вратата за скапоцени трансфери.
Сепак, итриот Мурињо знае како да ја оствари својата идеа и налето да го доведе Диего Коста.

Бразилскиот Шпанец чини 40 милиони фунти, па Муњињо сака да ја премости откупната клаузула и за овој фудбалер да испрати пакет со кој се подразбира Ромелу Лукаку и плус пари, јавуваат англиските медиуми.

Челзи има добри односи со Ателтико Мадрид, каде на позајмица е одличниот голман Куртоа, за кого не би било отфрлено Атлетко да посака да го вклучи во трансферот.

Мурињо, сепак сака да се осврне само на напаѓачка размена, со оглед дека и тој сериозно смета на младиот белгиски голман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП