30 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМота ја продолжи верноста со ПСЖ, следат Алекс и Матуиди

Мота ја продолжи верноста со ПСЖ, следат Алекс и Матуиди

PSG_Lyon_Motta_Alex_Matuidi

Италијанскиот репрезентативец Тиаго Мота потпиша официјално со ПСЖ до летото 2016-та година.

„Многу сум среќен што ќе го продолжам мојот сон со ПСЖ. Сакам да му помогнам на тимот да ја постигне својата цел и да ја освоиме титулата во Франција, но и да триумфира во Лигата на шампионите“, коментира 31 -годишниот фудбалер.

Тиаго Мота одигра 47 натпревари за парижаните, а притоа реализира 5 погодоци на средбите од првенството. За репрезентацијата на Италија тој има 18 средби и еден гол.

Раководството на ПСЖ во исто време води преговори со бразилскиот дефанзивец Алекс и францускиот репрезентативец Блес Матуиди за продолжување на нивните договори.

Според француските медиуми Алекс ќе го обнови договорот со ПСЖ до летото 2016-та година.

Доколку го прифати понудениот предлог, Матуиди ќе стави потпис на договор кој ќе биде со важност до 2020-та година.

26-годишниот фудбалер стана суштински дел од составот на ПСЖ. Тој импресионираше со настапите во изминатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП