2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКонцептот Hazumi ја најавува новата Mazdа 2

Концептот Hazumi ја најавува новата Mazdа 2

mazda dva hazumi

„Mazda 2“ e следниот модел на јапонскиот производител кој ќе биде обликуван во склад на новиот „Kodo“ дизајнерски јазик. Како ќе изгледа новата генерација на овој автомобил ќе видиме на авто-саемот во Женева, каде ќе биде претставен претходникот на „Мazdа 2“, концептот „Hazumi“.

Првата фотографија на концептот открива дека предниот дел на „Mazdа 2“ ќе биде дизајниран во стилот на моделите „тројка“ и „шестка“.

„Hazumi“ е јапонски збор кој означува скок, што во овој случај би требало да претставува чекор напред кон изгледот на новата „Mazdа 2“.

Компанијата соопшти дека во Женева ќе го претстават и новиот, „чист“ 1.5-литарски „SKYACTIV-D“ дизел мотор, кој покрај останатите модели на овој производител, најверојатно ќе се најде и во сериската верзија на „Mazdа 2“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП