4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКрос со ултиматум до раководството на Баерн

Крос со ултиматум до раководството на Баерн

tonita krosa

По брилијантната партија против Арсенал, иднината на Тони Крос во составот на Баерн Минхен повторно е доведена под голем знак прашалник.

Општо познато е дека германскиот репрезентативец не се чувствува оценет од раководството на минхенскиот гигант, земајќи релативно ниска плата, многу помалку од месечните примања кои ги добиваат играчи како Франк Рибери и други.

Поранешниот играч на Баер Леверкузен се уште не потпишал нов договор со клубот, што го прави трансфер цел на многу од останатите европски гиганти.

„Sport Bild“ тврди дека Крос би прифатил да остане на „Алијанц Арена“, само ако неговата годишна плата се зголеми до 8 милиони евра.

Изданието дополнува дека преговорите за нов договор помеѓу играчот и раководството на клубот се веќе во тек и дека наскоро може да се очекува разврската во овој случај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП