9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВалдес пред трансфер во Манчестер Сити

Валдес пред трансфер во Манчестер Сити

viktorce

Манчестер Сити е на пат да го привлече голманот на Барселона Виктор Валдес, бидејќи трансферот на шпанскиот репрезентативец во Монако е пред неуспех, пишува „Дејли Стар“.

32-годишниот Валдес ја игра последната сезона за Барса и од летото станува слободен агент. Тој имаше усмен договор со сопственикот на Монако, Дмитри Риболовлев, но не успеа да го потпише прелиминарниот договор со „кнезовите“ во договорениот рок.

Ова сепак го налутило рускиот богаташ, кој сега своето внимание кон насочил Рон-Роберт Цилер од Хановер. Тоа пак им дава шанса да Манчестер Сити да го земат Виктор Валдес. Менаџерот на „граѓаните“, Мануел Пелегрини нема многу голема доверба во квалитетите на чуварот на мрежата во тимот, Џо Харт.

Како што е познато, Манчестер Сити и Барселона се ривали во 1/8-финалната пресметка од Лигата на шампионите, а во вторникот „каталонците“ триумфираа на првиот натпревар помеѓу двата тима, славејќи како гостин со 2:0.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП