19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКуртоа останува во Мадрид, но во другиот дел од градот!?

Куртоа останува во Мадрид, но во другиот дел од градот!?

ELCHE VS ATLETICO MADRID

Тимот на Реал Мадрид е сериозно заинтересиран за голманот на Челзи Тибо Куртуа, кој игра како позајмен во Атлетико Мадрид. Овие информации ги објави шпанското издание „As“, додавајќи дека „белите“ веќе ги направиле први чекори во привлекувањето на голманот.

Во веста се тврди дека луѓе од управувачкиот ешалон на тимот од „Сантијаго Бернабеу“ веќе имаат воспоставено контакт со Белгиецот, што е многу веројатно наскоро да бидат лансирани и официјалните преговори.

Блиски до „кралскиот клуб“ откриваат дека е сосема можно трансферот да стане факт, бидејќи шефот на Реал, Флорентино Перес одржува многу добри односи со менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо. Заради тоа се претпоставува дека „сините“ нема да прават пречки во трансферот.

За возврат, самиот Куртуа призна неодамна, дека би се вратил во лондонскиот гигант само ако му биде гарантирано стартното место.

Доколку трансферот стане факт, тоа ќе биде трет квалитетен голман во редовитена „кралевите“. Мадридскиот гигант ги има уште и Икер Касиљас и Диего Лопез, а тренерот на тимот Карло Анчелоти постојано прави ротации на голот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП