18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСонг се враќа во Премиер лигата!?

Сонг се враќа во Премиер лигата!?

Alex-Song-Barcelona

Шпанскиот дневен весник „Марка“ ги информираше своите читатели дека најверојатно полудефанзивецот на Барселона, Александeр Сонг, ќе го напушти тимот на крајот на сезоната и ќе се врати во Премиер лигата.

Камерунскиот репрезентативец настапуваше 5 сезони во Арсенал, пред во 2012-та година да премине на „Камп Ноу“. Додека во Англија Сонг редовно играше по 30 натпревари по сезона, неговата ситуација кај каталонците е сосема поинаква.

Сонг е резерва на Серхио Бускетс, а во дебитантската сезона во Барса одигра само 30 натпревари. Изданието нагласува дека ова се случило во времето на Тито Виланова, кој го посакал трансферот на Камерунецот.

Кај Тата Мартино, сепак 26-годишниот играч добива далеку помалку шанси за докажување и така речиси сигурно Сонг ќе биде во трансферната листа на клубот за летото.

Доста од англиските екипи ја следат ситуацијата околу Африканецот, бидејќи ќе можат да го вратат за доста скромна сума.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП