3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗимски гуми со шилци кои се активираат на копче (видео)

Зимски гуми со шилци кои се активираат на копче (видео)

nokian gumi silci

Компанијата „Nokian Tyres“ претстави револуционерен концепт на зимски гуми кои на возачот му овозможуваат со притискање на копче да исфрлат шилци и со тоа да го подобрат возењето по снег и мраз. Кога повеќе нема потреба од шилците, тие на истиот начин се вовлекуваат во гумите.

Оваа технологија, која финскиот производител на гуми ја претстави по повод 80-годишнината од настанувањето на првите зимски гуми, нуди навестување на тоа што ќе се случува во иднина.

Идеата која се крие за оваа комбинација на гуми без шилци и гуми со шилци, е тоа возачот да може да ги прилагоди гумите ако дојде до промена на условите на патот.

Погледнете како функционира ова револуционерна гума:

Шилците не се користат на сув пат и во стабилни зимски услови, но тие може да се активираат на мраз. Концептните гуми со шилци кои се извлекуваат/вовлекуваат го користат дизајнот на шарите и структурното решение на новите „Nokian Hakkapeliitta 8 SUV“ зимски гуми со шилци.

Тие истовремено се исфрлаат и вовлекуваат на сите четири гуми. Телото на шилците е неподвижно, а се придвижува само тврдата метална цевка во средината на шилците.

„Овој концепт на гуми претставува врвно технолошко решение. Тој еден ден може навистина да стане реалност. Како пионери во светот на зимските гуми, сакаме да покажеме дека е можно да се направи комбинација на гуми без шилци и оние со шилци“, вели Мати Мори, менаџер на техничката служба за корисници во компанијата „Nokian Tyres“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП