9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВаран го праќа Тери во пензија

Варан го праќа Тери во пензија

varan64

Eкипата од „Стемфорд Бриџ“ е во потрага на дефанзивец кој би можел да го земени Џон Тери. Тренерот на Челзи идеално решение за својот тим гледа во својот поранешен играч.

Како што објавија медиумите, од Челзи летоска ќе се обидат во Лондон да го доведат играчот на Реал Мадрид, младиот Рафаел Варан.

20-годишниот Французин оваа сезона е во немилост на тренерот Анчелоти. Откако се опорави од повредата Варан забележа само пет настапи во сите натпреварувања.

Меѓутоа, додека Жозе Мурињо беше тренер на „кралевите“, високиот дефанзивец беше стандарден првотимец. Варан забележа дури 28 настапи и сигурно сега не му одговара намалената улога во тимот.

Џон Тери е на залезот на кариерата и прашање е колку уште може да игра на високо ниво, па така доведувањето на младиот дефанзивец би бил логичен потег на раководството на Челзи.

Во клубот веќе се наоѓаат голем број на играчи кои би можеле да играат на позицијата централен дефанзивец. Покрај Тери, тука се Кејхил, Ивановиќ, Луиз и јануарското засилување Курт Зума.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП