2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиверпул го „краде“ Сања

Ливерпул го „краде“ Сања

sanja1558

Клубот од „Енфилд“ ќе се обиде да го „украде“ Бакари Сања од Арсен Венгер во текот на летниот преоден рок.

На францускиот фудбалер во Арсенал му истекува договорот со „топџиите“, а во јавноста веќе некое време се шпекулира за тоа, дали овој искусен дефанзивец ќе го продолжи договорот со својот клуб.

Според одредени информации, Сања е незадоволен од условите кои му ги подготвува клубот, па поради тоа летоска како слободен играч би можел да ја промени средината.

Во приказната, неодамна, влезе и Ливерпул кој со одлична финансиска понуда сака да го убеди Бакари Сања да дојде на „Енфилд“.

Факт е дека за услугите на овој фудбалер во текот на летото нема да бидат потребни пари за откуп на договорот, па тоа остава простор за подобри услови кои Брендан Роџерс би можел да му ги понуди на самиот играч.

Ливерпул на позицијата на Сања веќе го има повредениот Џонсон, но и одличниот и перспективен Фланган, па поради тоа медиумите со право прашуваат дали има вистина во оваа информација поврзана со Французинот.

Инаку за услугите на 31-годишниот Сања интерес покажаа и некои клубови од Италија, конкретно Интер, кој во последно време го поврзуваат со скоро сите атрактивни фудбалери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП