5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОMoјс го сака Педро на „Олд Трафорд“!?

Moјс го сака Педро на „Олд Трафорд“!?

pedro barsa

Англиските медиуми јавуваат дека Манчестер Јунајтед е заинтересиран за играчот на Барселона, кој привлекува големо внимание на „Островот“.

Според информациите, Дејвид Мојс во последно време внимателно ги следи настапите на Педро, и подготвен е во летниот преоден рок да го доведе на „Олд Трафорд“.

Сепак, Мојс ќе има сериозна конкуренција во Ливерпул, но и Арсенал, кои најверојатно исто така се заинтересирани за овој играч на Барселона.

Тоа што може да предизвика проблеми за Мојс во трката со ривалите од првенството, е моменталната позиција на табелата и можниот недостаток на европски фудбал во наредната сезона.

Ова може да биде проблем не само во трката за Педро, туку и во обидите да се доведат и други звучни засилувања во текот на летото.

Со оглед на моменталната состојба на таблета, Мојс нема многу причини за оптимизам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП