2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИкер си заминува од Мадрид!?

Икер си заминува од Мадрид!?

iker

Според шпанскиот весник „Марка“, кој важи за близок до „кралскиот клуб“, легендарниот Икер Касиљас одлучил да го напушти Реал Мадрид на крајот од сезоната.

Весникот јавува дека менаџерот на Касиљас веќе почнал да бара нова дестинација за својот клиент, а првите контакти наводно ги имал со Милан и Наполи.

Покрај италијанските клубови, за Касиљас се заинтересирани и неколку клубови од Англија, како и Монако.

Касиљас веќе втора сезона по ред е резервен голман и брани само на натпреварите од Кралскиот куп и Лигата на шампионите.

Шпанскиот репрезентативен голман првите фудбалски чекори ги направи токму во Реал Мадрид, за првиот тим дебитираше во 1999-та година и досега бранеше на повеќе од 470 натпревари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП